сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Шилегов избега од дебата со опозицијата, отиде на сигурен терен

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов не се појави на емисија „И што не е јасно“ на јавниот сервис да дебатира за проблемот со загадувањето, каде се очекуваше по последните скандали да биде присутен на дебатата, наместо тоа го пушти граѓанскиот активист Никола Наумовски братучед на Радмира Шеќеринска и негов шеф на кабинет.
Шилегов избега од дебата со опозицијата, отиде на сигурен терен

Шилегов изгледа избега од советничката на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ која на минатата емисија многу остро му се спротивстави на Шилегов за мерките кои се ги превземаше и недостатокот на идеја и програма на оваа влада да се реши проблемот со загадувањето.

Колариќ вели дека за обвинување е градоначалникот Шилегов, владата, но и останатите градоначалници затоа што само 0.5 % се одовоени од Буџетот за 2020 година за животната средина.

-За обвинување е и Градот Скопје и градоначалникот Шилегов, како и сите останати градоначалници, ако земеме во предвид , а граѓаните знаат дека од Буџетот за 2020 година, кој што е 3.8 милијарди евра само 19 милиони евра, односно 0.5 проценти се издвоени за заштита на животната средина, вели таа.
Таа вечерва истакна и дека ако се земат во предвид статистиките од 2017 и 2018 година, кога беше направен План за чист воздух со некоја смешна сума од милион ипол, до два милиони евра за проблемот со загадувањето, смешно е што оваа влада одвои милион ипол евра за лубриканти кои се потрошија за непознати намени.

Коронавирус