четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 146
home Вести

Шилегов има елементарно непознавање од историја

Шилегов има елементарно непознавање од историја

Скопскиот градоначалник вчера во емисијата на Канал 5 телевизија во која дебатираше со поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски, покажа елементарно непознавање на македонската историја.

Имено, Шилегов му замери на Трајановски што во скопската населба Ѓорче Петров именувал улица „Борис Сарафов“ или како што кажа Шилегов, Сарафов бил убицот на револуционерот Ѓорче Петров.

Ова според историските факти е невистина, бидејќи Борис Сарафов е убиен 14 години пред да биде убиен Ѓорче Петров. Борис Сарафов починал 1907 година, а Ѓорче Петров е убиен 1921 година.

Според историјата, убиец на Ѓорче Петров е турчинот Реџеп.

Се поставува прашањето дали ова е ненамерен гаф на скопскиот градоначалник или елементарно непознавање на македонската историја.

Коронавирус