сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Шилегов и за време на пандемија, со сила наплаќа данок на имот и фирмарина

Шилегов и за време на пандемија, со сила наплаќа данок на имот  и фирмарина

И во време на економска криза поради пандемијата, Град Скопје предводен од Петре Шилегов започна со присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година. Ова се случува кога граѓаните не знаат дали ќе го преживеат месецот и дали воопшто ќе успеат да ги задржат нивните работни места, имајќи ги предвид масовните отпуштања од работа поради корона кризата.

Имено Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година.
Сите даночни и таксени обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени долгови требa да ги подмират своите обврски.

Град Скопје информира дека секое физичко или правно лице има достапен увид во неговата финансиската картица, увид во изготвените решенија по кои е задолжен и истите може да ги печати следејќи ја следната патека.

-Потсетуваме дека во тековната година во месец март Град Скопје испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територија на Град Скопје. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Град Скопје е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници, велат од Градот.

Но, по се изгледа градоначалникот Шилегов пред ги потсети граѓаните, заборавил дека од март месец започна пандемијата со која сеуште не можеме како држава да се справиме. Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на сметките на обврзниците по банки.

Коронавирус