вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 199
home Вести

Шилегов и СДСМ го дозволиле депонирањето на медицински отпад, инспекторите молчеле?!

Шилегов и СДСМ го дозволиле депонирањето на медицински отпад, инспекторите молчеле?!

Она што денес се случи, односно прес-конференцијата на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, за непрописно постапување со медицински отпад наликува на ефтин политички маркетинг, играјќи се со чуствата на граѓаните .

Имено, Шилегов денес излезе со тврдење дека на „Дрисла“  се депонирал медицински отпад, без претходно истиот да биде термички обработен и стерилизиран.

-Градот Скопје пред 50-тина дена дојде до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето на отпадот на територијата на градот и затоа навремено беа известени надлежните институции“, посочи Шилегов, информирајќи ги новинарите дека Градот, откако го известиле пред повеќе од 50-тина дена, Град Скопје чекал какво било преземање дејствија од Јавното обвинителство. Досега немаме информација дали воопшто е започната официјална истрага. Напротив, според нашите сознанија, сторителот се покрива со документација од друга надлежна институција“, рече Шилегов и ги прозва надлежните институции, пред се ЈО, чиешто работење го нарече неодговорно. Време е, конечно, секој да застане зад своите обврски и да сноси одговорност за своето неработење. Оваа битка или ќе ја војуваме сите заедно, како граѓани и како институции, или сите ќе ја загубиме. А, јас немам намера да дозволам оваа битка да биде загубена. Градот секогаш ќе стои пред и зад своите граѓани, порача Шилегов.

Ова е надвор од процедурите кои предвидуваат дека медицинскиот отпад исклучиво треба да биде одделен од комуналниот. Собирањето на медицинскиот отпад исто така треба да се врши независно и одделно од комуналниот.

Се поставува прашањето, дали Петре Шилегов, со оваа изјава самиот си даде „пенал“?

Доколку во овој случај се имало сознание дека подолг временски период се депонирал медиински отпад е вина на инспекциските служби, каде пак директори се кадри од неговата партија?

Во овој случај Државниот здравствен и санитарен инспекторат бил должен да врши контрола, но од досега непознати причини тој тоа не го правел.

Доколку власта имала вакви сознанија требала веднаш да интервенира со цел да го спречи ова, а не да се чека во периодот на предизборие.

видео: makfax.mk

Коронавирус