среда, 15. јули 2020. Вести денес: 92
home Вести

Шилегов го избегна тридневниот карантин и заминал во Маврово

Шилегов го избегна тридневниот карантин и заминал во Маврово

Додека главниот град е во 80-часовен полициски час, таткото на главниот град Петре Шилегов заминал во Маврово.

Шилегов за „ТВ 24“ потврди дека е на својот имот во Маврово, кој го смета за свој дом.

Инаку, неодамна порталот Економски Лидер пишуваше за викендицата на скопскиот градоначалник во Маврово, дека Петре Шилегов направил кривично дело за кое се оди во затвор, со тоа што узурпирал државно земјиште на националниот парк Маврово, кое си го користи како двор за својата викендица, покажуваат документите до кои стигна Економски Лидер.

Документите до кои дојдовме покажуваат дека Шилегов узурпирал над 1000 м2 државно земјиште, кое се наоѓа непосредно над неговата луксузна викендица во Маврово и го претворил во дворно место.

Мапите на катастер покажуваат дека викендицата на Шилегов се наоѓа на парцелата број 1625, односно веднаш над мавровското езеро.

Имотен лист на земјиштето на Шилегов

На аматерските фотографии кои за Лидер ги направи жител на Маврово се гледа дека дворот на Шилегов навлегува во земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Таму градоначалникот на Скопје си гради двор со коцка, која според нашите информации е извадена од депото на град Скопје а претходно беше поставена на плоштадот и на улица Македонија.

Од документите кои ги добивме, а ги објавуваме подоле јасно се гледа дека парцелата 1624/1 во Маврово, е парцела во сопственост на Република Македонија заведена како пасиште во вкупна површина од 1750 м2, истата директно граничи со парцелата каде се наоѓа неговата луксузна вила и истата е претворена во дворно место, поплочена со коцка и обградена со потпорни ѕидови.

Викендицата навлегува во државно земјиште (2)
Викендицата навлегува во државно земјиште (1)
Викендицата навлегува во државно земјиште (3)

Имотните листови покажуваат дека парцелата помеѓу патот и викендицата на Шилегов е во сопственост на Република Македонија, а тој таму реди коцка и си ја користи како двор, иако според деталниот урбанистички план, дворот треба да му гледа на другата страна.

Парцелата пред куќата на Шилегов

Шилегов узурпирајќи го државното земјиште, кое го претворил во дворно место извршил кривично дело Узурпација на недвижности од чл. 225 ст. 2 од КЗ со што му се заканува казна затвор од 1 до 5 години затвор, дополнително со самото тоа што на земјиштето правел градежни зафати без дозвола за градба извршил и кривично дело Бесправно градење од чл. 224 – а ст. 1 со што му се заканува казна затвор од 3 до 8 години затвор.

Фактот што државното земјиште е заведено како пасиште, а се наоѓа во рамки на Националниот парк Маврово со него во име на Република Македонија управува и има право на користење ЈП Национален парк Маврово, се поставува прашањето, како управата на паркот дозволила повеќе месечно узурпирање и градење на државно земјиште, без притоа да реагира.

Нема реакција ниту од другите државни институции, како Министерството за транспорт и врски, Министерството за животна средина, Градежниот инспекторат, Инспекторатот за екологија и Јавното обвинителство, кое мора да реагира согласно закон и да поднесе кривична пријава против узурпаторот – Шилегов, пишуваше своевремено Економски Лидер.

Инаку, двете кривични дела кои ги извршил Шилегов се кривични дела кои се гонат по службена должност, обврска е ЈО е да поведе навремена постапка.