среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 93
home Вести

Шилегов, го исчистивте ли ѓубрето како и обично или овој пат решивте да апсите?

Шилегов, го исчистивте ли ѓубрето како и обично или овој пат решивте да апсите?

Градската власт во Скопје, водена од Петре Шилегов го претвори градот во огромна депонија. Комуналната хигиена не се одржува, иако е тоа редовен делокруг на работа на ЈП Комунална хигиена. Но затоа власта очигледно фрустрирана од сопствената неработа апси секој кој сака со позитивен пример да покаже што всушност треба  истата да прави.

Актерката Ирена Ристиќ, која беше огромен поддржувач на Шарената револиција, вчера беше приведена откако пред Влада собираше пикавци и го чистеше просторот, кој претходно не бил исчистен од страна на градските служби.

Ристиќ  на Фејсбук посочи на притисокот на власта, кој во полиција се обиделе врз неа да го вршат.

 

Таа јавно сподели и дека полицијата имала насилен однос кон неа. Ристиќ вели дека завршила со модрици.

Комунална хигиена излегува да чисти само кога Шилегов треба да се пофали пред граѓаните, некого да навреди или да исмее, но не секојдневно, како што тоа впрочем треба да го прави.

Имено, Шилегов по големиот сенароден митинг на опозицијата на почетокот на јуни напиша фејсбук статус: „ Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш…“.

Очигледно тоа секогаш не е баш секогаш, па затоа кога службите нема да завршат работа и со денови главниот град ќе тоне во смет, па некој со добар пример ќе покаже на неажурноста на власта, тој се апси.