среда, 30. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Шијак: Заев успеа многу луѓе да прелаже да гласаат за него, истите денес ја констатираат измамата

Шијак: Заев успеа многу луѓе да прелаже да гласаат за него, истите денес ја констатираат измамата

Заев успеа многу луѓе да прелаже, да гласаат за него. Но, ете велам за среќа се будат од лошиот сон, но почнуваат истите да ја констатираат измамата, вели  актерката Арна Шијак во емисијата Отворено на Алфа телевизија на прашањето кој  од македонската политичка сцена е најголем актер.

Шијак која како дел движењето „Бојкотирам“, заврши и во болница после нападот на полицијата на еден од протестите против референдумот, посочи дека сите тие напади не се случија случајно, туку се дел од едно сценарио кое беше за да се исплаши  и демотивира народот.

– Никогаш нема да го заборавам тоа нетатковско и немајчинско однесување кон сопствениот народ  кој што најлегитимно излезе да протестира. Тоа беше за да се демотивира граѓанството,  народот за да не излезе повторно и да го поддржиме овој циркус и да заиграме чочек, тоа им беше целта, но таа намера не им успеа, вели Шијак.

Во однос на законот за амнестија или таканареченото помирување таа потенцира дека истото  не оди “рака под рака“ со правдата и токму затоа би требало да не фати став каква ли иднина сака власта да скрои понатаму, затоа додава дека ова се потези на очајници.

 

Коронавирус