четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Шест нови тужби до Управниот суд, две од ВМРО-ДПМНЕ

Шест нови тужби до Управниот суд, две од ВМРО-ДПМНЕ

Шест нови тужби од политички парти се поднесени до Управниот суд по однос на одбиените приговори од Државната изборна комисија за парламентраните избори одржани на 15 јули.

-Две тужби се поднесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, две од партијата Демократи, една од политичката партија Единствени за Македонија, односно коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија”, и една од МРО Работничка партија, потврдија за МИА од Управниот суд.

Предходно, во текот на денот до Управен суд тужби пристигна и од политичката партија Левица и политичката партија Социјалдемократската унија.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд денеска одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија

Одбиена е и една тужба поднесена од ИНТЕГРА.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот суд за заштитата на избирачкото право, ДИК, согласно законот ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајниот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус