среда, 30. септември 2020. Вести денес: 109
home Вести

Шест месеци затвор за таткото на Боки 13

Шест месеци затвор за таткото на Боки 13

По две ипол години заглавен во правните лавиринти, случајот на свештеникот кој беше физички нападнат од Миле Јовановски, татко на првоосомничениот во аферата Рекет, Боки 13, конечно доби судски епилог.

Денес му беше изречена казна затвор во времетраење од шест месеци.

Одбраната има право на жалба во Апелациониот суд.

На минатото рочиште тој призна вина.

-Има многу големо сомневања кај мене дали сум виновен или не, но сепак го признавам делото, рече Јовановски.

За ова дело законот предвидува казна затвор од шест месеци до пет години.

Инаку на Божиќ 2017-та година, физички е нападнат свештеникот Виктор Стојчев, пред очите на неговата сопруга и деца, а е и вербално навредуван од страна на Миле Јовановски и Боки 13.

Кавгата настанала заради паркинг простор. За случувањето сведочи и видео снимка.

Му нанел физички повреди, од кои и скршеница на зглобот на ногата.

Коронавирус