петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 161
home Вести

Шест месеци непостапување, пет ургенции, а Врховниот суд сè уште молчи за притворот на Душко Лазаров

Шест месеци непостапување, пет ургенции, а Врховниот суд сè уште молчи за притворот на Душко Лазаров

Врховниот суд и натаму молчи и не одлучува по жалбата за притворот на Душко Лазаров, осуден на 15 години затвор за настаните од 27 април, и покрај петте ургенции на неговото семејство. Како што е наведено во последната Ургенција до Врховниот суд, тие ќе бидат принудени да организираат штрајк пред овој суд кој ќе трае се додека не се донесе одлука по нивната жалба.

Со неодлучувањето на Врховниот суд по однос на нашата жалба која се однесува на притворски предмет покрај повредата на домашното право, повреден е и член 5 точка 4 од Европската конвенција за заштита на човековите права, согласно која секое лице лишено од слобода со апсење или притворање има право да вложи жалба до судот и тој во кус рок да ја разгледа законитоста на тоа лишување од слобода и ако тоа не било законско, да нареди негово ослободување, стои во Ургенцијата.

Со месеци никој од надлежните судски институции не сака да ја исправи неправдата со која се соочува обвинетиот Душко Лазаров и да постапи по неговата жалба против решението на Апелациониот суд Скопје, со кое му се укинува активната гарација од недвижен имот понудена од роднини и пријатели и тој повторно се наоѓа зад решетки по одлука на судијата Добрила Кацарска.

На Лазаров мерката притвор до правосилноста на пресудата Основниот кривичен суд му ја изрече паралелно со изрекувањето на 15 годишната затворска казна. По објавувањето на пресудата, судскиот совет одлучи Лазаров веднаш од судницата да биде однесен во притвор, при што му ги укина другите мерки на претпазливост, без да ја земе предвид гаранцијата која во тој момент беше на правна сила.

На ваквата одлука на судот, адвокатот и семејството на обвинетиот во законскиот рок поднесоа жалба до Апелациониот суд, со која бараа овој суд да го укине фаличното решение и да ја потврди гранацијата. Но, Апелациониот суд спротивно на член 152 од Законот за кривичната постапка каде таксативно е наведено дека гаранцијата се враќа на лицето кое ја положило ако е донесена ослободнителна пресуда, ако обвинението се одбива или ако постапката е запрена, а ако со пресудата е изречена казна затвор гаранцијата се укинува дури кога осудениот ќе почне да ја издржува казната, донесе решение со кое само го потврди притворот на Лазаров, ја укина гаранцијата и на тој начин и овој суд, исто како и Основниот кривичен суд Скопје постапи незаконски.

Од тој момент почнува голготата на началникот Душко Лазаров. На ваквото решение кое го донесе Апелациониот суд, семејството на Лазаров поднесе нова жалба, овој пат до Врховниот суд и повторно побара тој да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода со понудената гаранција.

Предметот шета низ судските лавиринити додека Лазаров, бесправно веќе 6 месеци се држи во притвор и е во секојдневно исчекување на одговорот на неговата жалба.

Душко Лазаров вечерта на 27 април 2017 година бил единствениот кој бил присутен во Штабот, во кој согласно актите на МВР покрај него задолжително требало да бидат присутни најмалку и уште 7 други претставници од различни организациони единици на МВР, а кои тој ден од непознати причини не биле на работното место. Началникот Лазаров бил само советник за полициски работи без да има никаква командна одгворност, бидејќи во актот на МВР за тоа кој ќе биде златна, сребрена и бронзена команда со име и презиме биле наведени носителите на овие команди, а помеѓу нив не е и Лазаров за кој во врска со овие настани во МВР не била поведена ниту дисциплинска постапка и тој сеуште е вработен во министерството.

ИЗВОР:РЕПУБЛИКА

Коронавирус