вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 9
home Вести

Шест месеци Филипче не може да се справи со морбилите: Вкупно околу 2.000 заболени, во последната недела само 70 нови случаи

Шест месеци Филипче не може да се справи со морбилите: Вкупно околу 2.000 заболени, во последната недела само 70 нови случаи

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во Република Македонија изнесува 29.857. Од нив, 15.250 деца се вакцинирани на територија на градот Скопје, додека пак, во останатиот дел од државата вакцинирани се 14.607 деца, информира денеска Министерството за здравство.

-Родители ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата. Не постои друга поефективна медицинска технологија што го заштитила и го унапредила човековото здравје како вакцинацијата. Таа е единствената мерка за заштита од мали сипаници, нагласува Министерството во соопштението.

Во извештајот на Европската комисија се вели дека Министерството за здравство презело чекори за контрола на ситуацијата со епидемијата, преку директна вакцинација во училиштата и детските градинки и со започнување на голема кампања за вакцинација.

Во изминатава недела, пријавени се вкупно 70 нови случаи на мали сипаници, што е за 17 случаи помалку во однос на претходната недела.

Во текот на вчерашниот ден, прегледана и хоспитализирана е една пациентка со дијагноза на морбили (мали сипаници). Се работи за 44 годишна пациентка од Неготино, која не е вакцинирана. На Клиника за инфективни болести се лекуваат вкупно 14 пациенти, од кои 12 возрасни и 2 деца. На одделот за интензивна нега продолжува лекувањето на 16 годишната пациентка со церебрална парализа и ЕPI по морбили и масивна пневмонија.

Кумулативно од почетокот на епидемијата во декември 2018, досега, во нашата држава се регистрирани 1.891 случај на мали сипаници со инциденца од 91,4 на 100.000 жители.

-Само со стапка на вакцинација од над 95 отсто од населението, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширење на вирусот меѓу популацијата. Сите деца што се невакцинирани, за да се заштитат од заболувањето, треба веднаш да се вакцинираат, се додава во соопштението на Министерството.

Иако Министерството се „фали“ за преземањето на навремените мерки за справување со морбилите, сепак јавноста е сведок за жртвите кои настрадале од морбили во текот на овие шест месеци, а сето тоа е поради лошата здравствена грижа на институциите.

Епидемијата на морбили не стивнува, се затвораат одделенија по болници, а Филипче на продолжен викенд

Пред неколку дена медиумите обелоденија дека во хируршкото одделение во општата болница Струга се заболени 16 отсто од вработените, односно девет од вкупно 56 здравствени работници кои работат на ова одделение, додека пет имаат прележано и се на своето работно место.

По обелоденувањето по медиуми и реакциите на граѓаните реши во својство на портпарол на Филипче, Асим Муса да излезе со информација дека одделението е затворено поради заболување на 50 отсто од медицинскиот персонал од морбили.

Истовремено бидејќи Филипче не можеше скандалот да го обелодени пред јавноста, Муса соопшти дека Општата болница во Струга, односно вработениот персонал околу 70 отсто се вакцинирани дека оние кои не се вакцинирани ќе бидат вакцинирани во најкраток период со МРП вакцина.

Ова се случи во Струга, за во другите градови јавноста се уште нема информации. Но поради оваа епидемија на морбили се случува да клиниките на терциерно здравство се на работ на издишување од оптеретеност.

Ова најдобро го објасни Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој пред неколку дена како гостин на една од дебатните емисии на една од националните телевизии рече: „Ако исто во Струга уште една болница се затвори затоа што сметајте дека тие пациенти од Струга треба да отидат некаде. Се прави транспорт на пациенти тие пациенти доаѓаат кај нас во терциерно здравство. Значи клиниките на терциерно здравство се на работ на издишување од оптеретеност“.

-Доколку падне Струга, доколку падне Струмица и доколку падне уште една болница во централна Македонија да персоналот од 50% е заразен со морбили ќе се мобилизира здравствениот систем. И за ова треба некој да одговара, и тој некој не треба да биде само на директорско ниво, тој некој треба да биде посериозен и сега мислам дека е периодот кога треба да се преземе одговорност, дообјасни Николов.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65 отсто се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата изнесува 25.808.

Додека министерството истакнува дека вакцинацијата е единствената мерка за спречување на ширење на епидемијата од морбили и подигнување на колективниот имунитет, епидемијата не стивнува.

Епидемијата се рашири поради вина на самата неефикасност на министерството. Министерот секогаш кога има проблем оди на продолжен викенд или одмор.

За сето ова одговорност бара јавноста и одговор, кој имаат право да го добијат. На сите прашања треба да одговори министерот Филипче, наместо да се сокрива бидејќи здравствениот систем во државата е на паднато на најниско ниво што постои. Граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на Филипче.