петок, 30. јули 2021. Вести денес: 114
home Вести

Шест години затвор за терористи од ИСИС, а четири години за набавка на „Мерцедесот“ во кој се вози Заев

Шест години затвор за терористи од ИСИС, а четири години за набавка на „Мерцедесот“ во кој се вози Заев

Апелацискиот суд во Скопје делумно ја потврди затворската казна на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за случајот „Тенк“ и ѝ ја намали од шест на четири години затвор.

-Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја  осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди – велат од Апелација.

Со ова пресудата станува правосилна, но Јанкулоска има право да побара одложување на казната додека нејзиното дете не наполни една година, а тоа е до крајот на јуни годинава.

Јанкулоска сега е осудена на 4 години казна затвор поради набавка на „Мерцедесот“ со кој Заев и неговите гости се возат и до ден денес.

На само две години повеќе или колку што беше првичната пресуда, со шест години казна затвор се осудени терористите од ИСИС.

Од вкупно седуммина обвинети македонски државјани кои биле дел од паравоената формација ИСИС, шестмина се осудени на шест години затвор, а еден обвинет доби затворска казна од девет години. Ова е пресудата што ја изрече Кривичниот суд откако сите обвинети Елмедин Османи, Ахмед Џенгис, Орхан Жупани, Буњамин Фето, Сафет Рамадани, Ибрахим Шабани и Алмир Миртовски кои на минатото рочиште го признаа делото за кое беа обвинети „учество во странска војска, паравоени или параполициски формации“, а еден од нив е обвинет и за „терористичка организација”.

Освен учество во паравоените формации надвор од Македонија, обвинетите обезбедувале, собирале финансиски и материјални средства за лица кои учествуваат во овие формации, преку социјалните мрежи и друг вид на комуникација повикувале, врбувале и поттикнувале други лица на учество во паравоените формации надвор од Република Македонија.

Коронавирус