вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Шест години затвор за екс-началникот на УБК, Тони Јакимовски

Шест години затвор за екс-началникот на УБК, Тони Јакимовски

Поранешниот началник во УБК и во времето на директорувањето на Сашо Мијалков со УБК, Тони Јакимовски е осуден на шест години затвор за случајот „Спец каса на УБК“, објави Кривичниот суд.

Затворска казна од четири години за Стево Маџовски, кој бил вработен во УБК доби затворска казна од 4 години, а ослободителна пресуда доби вработена во оваа Управа, Кристина Јосифовска

Ова е пресудата од Судечкиот совет во предметот кој се однесува на проневера на пари од спец касата во УБК.

-Согласно објавата на пресудата, во текот на кривичната постапка која започна во октомври 2019 година, одржани се вкупно 11 продолженија на главната расправа , а дел од расправите се одржаа во време на вонреда состојба заради пандемијата со ковид–19, при што судот ги обезбеди сите соодветни услови согласно протоколите за заштита. Изведени се предложените материјални и вербални докази и, по предлог на одбраната, сослушан е сведок преку видео конференциска врска со надлежен суд во Букурешт, Р. Романија каде се наоѓал сведокот. Врз основа на сето горе изведено судот утврдил дека обвинетите подигале парични средства за потребите на касата за исплата на средства за посебни намени за УБК, но воедно утврдено е дека евиденцијата за потрошените парични средства се уништени заедно со документацијата за исплата, односно главната книга за евиденција без за тоа да постои посебно одобрение од директорот на Управта и без за тоа да биде формирана комисија за ништење на материјална документација. Против оваа пресуда странките, по приемот на пресудата, имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд, велат од Кривичниот суд.

Коронавирус