четврток, 22. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Шеќеринска и Дајнерс ја освојуваат Воената академија

Има основан простор за сомнеж дека се случува судир на интереси кога Шеќеринска како министерка за одбрана ги прави “задолжителни за присуство“ промоциите на картичките од кои бенефит има лично нејзиниот сопруг.
Шеќеринска и Дајнерс ја освојуваат Воената академија

Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ има околу 70 вработени.

Токму таму Дајнерс чиј директор е Божидар Јанковски, сопруг на Радмила Шеќеринска виделе добра шанса да се притисне за проширување на мрежата на клиенти.

Дали има судир на интереси?

Нема информации дали ваквото известување е резултат на некој акт доставен до Академијата од Министерството за одбрана, каде прв човек е Шеќеринска или ова е резултат на некое “добронамерно“ укажување. Сепак е чудно зошто би било задолжително присуството на една ваква презентација.

Во известувањето закачено на огласната табла во Воената академија се вели:

-„На ден 22.12.207 година во 10:30 часот во амфитеатарот ќе се одржи презентација на платежната картичка Ф.Д. Дајнерс Клуб Интернационал МАК Дооел, Присуството е задолжително освен за лицата кои што се службено ангажирани“.

Има основан простор за сомнеж дека се случува судир на интереси кога Шеќеринска како министерка за одбрана ги прави “задолжителни за присуство“ промоциите на картичките од кои бенефит има лично нејзиниот сопруг. Вработените во Воената Академија мора да бидат присутни на презентација за картичките Дајнерс, а по ова нема да биде чудно да стане задолжително и тие да извадат вакви картички.

Бобо-Дајнерс и неговата сопруга Шеќеринска беа инволвирани во афера за затајување на данок преку лажните, а екстремно високи кирии кои си ги исплаќаа самите на себе. Аферата излезе на очиглед на целата јавност, но овие сопружници не почувствуваа потреба да дадат објаснување.

Шеќеринска си делела тендери на компанија која не исполнува основни услови

Нов скандал се поврзува со актуелната власт на Зоран Заев и Министерството за одбрана, каде министерка е Радмила Шеќеринска.  Компанијата која го добила тендерот за на мазут, според Републичката комисија за енергетика не ги исполнувал основните услови за учество на овој тендер.

 

Од Републичката комисија за енергетика велат дека во овој случај  компанијата воопшто не била квалификувана да конкурира на овој тендер, но сепак истиот го добила.

 

Одговорност за давањето на овој тендер на понудувачот без соодветна лиценца за тоа е оној кој го распишува огласот, во овој случај Министерството за одбрана, предводена од Радмила Шеќеринска, Министерство за кое ова не е прв скандал откако на власт е СДСМ.

Дали е ова средба на Шекеринска, Филипче и директорката на хематологија Ирина Ставридис Пановска и дали темата се тендерите во здравството?

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои граѓаните се прашуваат дали на нив се новиот министер за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и директорката на хематологија Ирина Ставридис-Пановска.

Се поставува и прашањето што била темата на разговорот? Дали можеби тема на разговорот била поделбата на тендерите во здравството?

Инаку, МКД.мк пишува дека овој потег на Владата предизвика лавина од негативни реакции. Не поради неговата стручност и квалификации, туку поради неговата претходна активност и семејни врски кои отвораат сериозни дилеми за можен конфликт на интереси. Се објавија бројни информации кои навистина покажуваат една поинаква заднина на ова најново кадровско решение на Заев.  МКД во текстот продолжува дека Филипче во периодот додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беше член и на Професорскиот контра пленум. Прашан денес зошто тоа го сторил, Филипче изјави дека бил доведен во забуна од негов специјализант кој му кажал дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет. Филипче беше учесник и на лекарските контра протести кои беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како контра мерка на лекарите кои ги бараа своите права.

Освен овие негови активности, по социјалните мрежи се објавија неколку податоци за негови блиски луѓе на функции. Ако тоа се оствари, ако Филипче стане министер за здравство, тоа ќе го отвори прашањето за сериозен конфликт на интереси со неколку негови најблиски луѓе.

Веќе пишувавме за фотографијата на која според многу се Шеќеринска, Филипче и девојката на новиот министер Ирина Ставридис Пановски, која е директорка на хематологија. Сега се поставува прашањето дали компанијата „Пановски“ ќе добие уште повеќе тендери, ако се знае дека таа со години е еден од најсериозните снабдувачи со лекови во македонското здравство, а особено на државните клиники со цитостатици.

Инаку се отвора и прашањето дали здравството ќе стане семејно- пријателска фирма, ако се знае на раководна позиција на Клиниката за онкологија е Снежана Смичковска, сопругата на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата „Пановски“. Советник на директорот на Фондот за здравство сега е Марија Гулева, блиска пријателка на Ирена Пановска и порано вработена во „Пановски“.

Коронавирус