вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 86
home Вести

Шекеринска за ТВ 24: Избори во првиот можен рок!

Шекеринска за ТВ 24: Избори во првиот можен рок!

Потребно е да има избори во првиот возможен термин, тие се неопходни за да имаме стабилни институции кои ќе бидат функционални, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во денешното гостување на ТВ 24.

Таа посочи дека ниту  граѓаните, ниту политичките партии, ниту нашите сојузници во странство, никој не посакува оваа состојба на половично функционални институции  да продолжи до бесконечност.

Шекеринска истакна дека СДСМ има принципиелен став за клучните прашања да се постигне консензус меѓу политичките партии, бидејќи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има голема разлика во однос на практикувањето на демократијата.

-Ние имавме закажани и договорени избори кои поради епидемијата не можеше да се случат. Но факт е дека секое одлагање на изборите ќе не доведе во ситуација да се справуваме со неколку типови на кризи, рече таа.