недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 21
home Вести

Шекеринска во официјална посета на Турција

Шекеринска во официјална посета на Турција

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска отпатува во официјална посета на Република Турција. Посетата се реализира на покана на министерот за национална одбрана на Турција Нуретин Џаникли, информираат од Министерството.

Во рамки на посетата Шекеринска, покрај со својот домаќин, ќе има средби и со премиерот Бинали Јилдирим и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

На средбите ќе бидат разменети мислења за актуелната ситуација во земјава и во регионот, како и пошироко, и ќе биде разгледана досегашната и идна соработка меѓу двете земји.

Во рамките на разговорите ќе стане збор и за заедничките мировни операции како и за очекувањата од претстојниот самит на НАТО во Брисел и поддршката што ја дава Турција на Македонија на патот кон членството во Алијансата, на планот на исполнувањето на стандардите на НАТО.  

Шекеринска ќе има средби и во турскиот потсекретаријат за одбранбена индустрија, а ќе посети и неколку воени капацитети.

Официјалната посета на Турција на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, е потврда на традиционалното пријателство и соработка меѓу двете земји.

Коронавирус