понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Шекеринска ветува нови униформи, тендерот поништен, дали се подготвува набавка во „4 очи“?

Шекеринска ветува нови униформи, тендерот поништен, дали се подготвува набавка во „4 очи“?

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во неколку наврати најавуваше дека Министерството за одбрана ќе набави нови униформи за припадниците на АРМ. И во денешната изјава дадена по повод 18 август денот на АРМ таа посочи дека се одвоени пари од буџетот за оваа ставка.

-Обезбедена се средства во буџетот за набавка на униформи и чизми за сите припадници на Армијата, информираше денеска Шекеринска.

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Министерството за Одбрана – сектор за логистика и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на 14.000 комплети на воено теренска униформа со проценета вредност од нешто над 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра.

Но, на официјалната страница на системот за Јавни набавки е објавена одлука на Министерството за Одбрана со датум од 03.08.2018 со која се поништува постапката за набавка на униформите.

Според упатените, со ова се отвара сомнеж за евентуална злоупотреба и набавка на униформи во „4 очи“ по основ на крајна итност, недостаток на конкуренција, дополнителни работи и технички или уметнички причини поради кои договорот може само еден понудувач да го спроведе се оправдувањата што ги користат институциите кога склучуваат договор за јавна набавка без да објават оглас. Според законот, институциите мора да внимаваат кога го користат овој правен основ, затоа што е дозволено да се користи само кога итноста е толку екстремна, што не може да се почитуваат роковите за редовните постапки, дури ни скратените рокови. Но, во законот не е прецизирано што значи екстремна итност, што остава место за злоупотреба, коментираат експертите.

Коронавирус