четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Шекеринска се вади: Вакцини нема затоа што Владата не знае колку луѓе сакаат да се вакцинираат

Шекеринска се вади: Вакцини нема затоа што Владата не знае колку луѓе сакаат да се вакцинираат

Прашањето на безбедност одамна не е само прашање на физички напад и полиција или армија на границите, туку и вакцините се тука, рече минситерката за одбрана Радмила Шеќеринска на вечерашното гостување на телевизија Телма во емисијата Еурофокус.

Од тие причини, рече таа, до пред два месеци разговаравале на оваа важна тема низ призма како побрзо до ефискана заштита и во тие моменти рекле главен акцен е на усогласениот механизам и процесот поддржан од ЕУ.

-Ама излезе дека треба директно да се преговара и со Фајзер, и за кинеската вакцина, рече Шекеринска вадејќи се на тоа зошто нема вакцини во Македонија, велејќи дека и во држави на ЕУ забавен е процесот.

Според неа довербата на граѓаните ќе влијае на процесот на вакцинација.

-Ако ги уверите дека сте воделе сметка во процесот на набавка, ќе зависи процентот колку ќе се вакцинираат, рече Шекеринска.
Дополнително, додаде таа, не знаеме ни колку граѓани сакаат да се вакцинираат, затоа мора да водиме сметка и за количините.
До пред неколку месеци, кажа Шекеринска, немало вакцина со дозвола од европско-американски регулатори со кои комуницирале, и затоа подоцна почнал процесот за разговори со Кина.

ЕУРО 2020

Македонија