среда, 12. мај 2021. Вести денес: 7
home Вести

Шекеринска призна гаф, ама не дава детали зошто биле вратени офицерите од НАТО

Шекеринска призна гаф, ама не дава детали зошто биле вратени офицерите од НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринсака, после десетина дена молк, на вчерашната прес конференција конечно призна дека е направена грешка во процедурата за избор и предлагање офицери кои требало да добијат безбедносен сеертификат од НАТО, но тоа што не го толкува како скандал и нарушување на угледот на нашата земја како членка на НАТО туку како нормална појава која им се случувала и на други земји.

Таа за да се заштити себеси од одговорност за ваквиот несоодветен избор и добиената шлаканица од НАТО вели дека штетно е да се влегува во математики од овој тип бидејќи тоа може да биде злоупотребено па затоа не треба да се зборува на оваа тема.

Но, пораката испратена со овој потег од НАТО е многу јасна и недвосмислена и точно ја лоцира одговорноста, па Шекеринска и нејзините соработници треба да се отрезнат и да знаат дека политичките и партиски игри кои ги прават во државата не поминуваат во НАТО каде правилата за игра се јасни и нема место за партиско-политички комбинаторики и импровизации какви што Шекеринска и нејзините сопартијци ги прават во сите институции во државата.

Самото тоа што Шекеринска призна дека во моментот кога се избирале преставници не можело да се номинираат луѓе кои веќе имале ресертифициран сертификат и дека сега кога е добиен шамарот од НАТО ќе се почекало да завршат иницијалните проверки за точно да се знае кои се луѓето кои можат да се исптатат за воени преставници, кажува дека целата претходна процедура била непрофесионална и исполитизирана со цел да се номинираат нејзини фаворити но бидејќи правилата во НАТО се строги и нема место за политичките игри на Шекеринска нечистите работи испливаа на површина.

„Дефинитивно ќе имаме нова постапка, сакаме повеќе луѓе да поминат низ ресертификацијата. Ние во 2019 година и во 2020 кога се уште не бевме членка на НАТО не можевме да номинираме луѓе кои веќе имале ресертифициран сертификат или одново издаден сертификат затоа што уште не бевме членка. Сега веќе поголем број на луѓе имаат обновен НАТО сертификат и кога таа бројка ќе биде и поголема, кога ќе завршат овие иницијални проверки, точно ќе знаеме кои се луѓето кои можеме да ги испратиме таму да бидат воени преставници“, рече Шекеринска.

Коронавирус