недела, 19. септември 2021. Вести денес: 76
home Вести

Шекеринска потфрлила и не може да ги исполни стандардите на НАТО

Шекеринска потфрлила и не може да ги исполни стандардите на НАТО

Во денешното Само интервју на Канал 5 телевизија министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека за една година – време колку што Република Македонија е членка на НАТО има реализирано само 1.38 од вкупно 50 милиони евра предвидени средства во Буџетот. Тоа се катастрофални 700 илјади евра потрошени пари за потребите на Армијата. Според изјавите на министерот за економија Фатмир Битиќи, бидејќи парите не се потрошени, а предвидени во Буџетот тие најверојатно ќе бидат одземени од буџетот на Армијата.

Според стандардите на НАТО, Македонија треба да стигне до 2% од БДП, а тоа е околу 240 милиони евра. АРМ предвиде буџет од 180 милиони евра, а од нив 50 милиони евра се за капитални инвестиции.

Во годишниот план за јавни набавки за модернизација на одбраната и безбедноста, во март Министерството за одбрана донело одлука и ги избришало најголемите стапки. Тоа се за хаубици, специјални возила и ремонт на хеликоптер МИ-8. Тоа се 17 милиони евра според ставките во набавката.

Коронавирус