сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 30
Во живо

Протест во Скопје – „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

Шекеринска незаконски поделила чинови на штотуку примени војници, дали се работи за партиски војници или Шекеринска не ги познава законите во армијата?!

Шекеринска незаконски поделила чинови на штотуку примени војници, дали се работи за партиски војници или Шекеринска не ги познава законите во армијата?!

Нов мандат, стари навики. Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска на незаконски и скандалозен начин унапредила 70 војници, кои штотуку биле примени во армијата. Таквиот чин не само што е незаконски и спротивен на етиката, туку е и понижувачки за Армијата на Република Македонија, односно за припадниците кои со години служат на армијата.

Беззаконието и партизацијата во Министерството за одбрана продолжува. На 11-ти септември министерката за одбрана Радмила Шекеринска им поделила договори за вработување на 70 новопримени војници и веднаш ги унапреди во чин разводник, вели нашиот извор.

Ова не е прв случај Шекеринска да се замеша во струката која не ја разбира и да дели чинови како што тоа на времето го правеше Љубе Бошковски во МВР.

Приемот на војниците од страна на Шеќеринска е врз основа на распишан оглас непосредно пред изборите.

-Инаку, војникот може да биде унапреден во разводник, но најмалку по една година стаж во Армијата на Македонија, што не е случај со новоназначените 70 разводници. За ваквите одлуки на министерката, неминовна е реакција од страна на командантот во чија единица се војниците, но исто така и од Генералштабот кој не смее да дозволи партиско самоволие на Радмила Шекеринска, коментира нашиот извор.

Коронавирус