вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 172
home Вести

Шекеринска не ја негира постојаната закана од радикализираните структури

Шекеринска не ја негира постојаната закана од радикализираните структури

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека односите меѓу Македонија и Иран се скромни. Таа рече дека нема причина да се грижиме од невладините организации во земјава во врска со Иран. Сепак, не ја негира постојаната закана од радикализираните структури кои се враќаат од средините каде што се водат војни.

Американскиот генерал Мајкл Барберо за време на престојот во Тирана рече дека Албанија, како и секоја друга земја членка на НАТО, може да биде мета на Иран во иднина. Албанскиот премиер, Еди Рама за време на преземањето на претседателството на ОБСЕ рече дека е свесен за одговорностите на земјата како членка на НАТО.

„За жал, секој американски пријател или наш сојузник може да се смета како мета. Будноста е особено важна за ова, особено во сајбер – областа, бидејќи Иран има софистицирани можности за компјутерски напади. Поради оваа причина, Албанија мора да биде многу внимателна во борбата против тероризмот и сајбер нападите“,изјави Мајкл Барберо, американски генерал.

Коронавирус