понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Вести

Шекеринска не е сигурна дека Анкара ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО

Шекеринска не е сигурна дека Анкара ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО

Што е со ратификацијата на протоколот за НАТО од страна на Турција и дилемата за естрадикцијата на одредени личности, во специјалното издание на „Топ тема” на телевизија Телма во седиштето на НАТО во Брисел, гостин беше министерот за одбрана, Радмила Шекеринска.

На прашањето на новинарот Боби Христовски “дали сме сигурни во позициите на Анкара и дека нема да има пречки на нашиот пат кон НАТО”, Шекеринска рече дека не е сигурна.

-Ништо не е сигурно и ништо не треба да се смета за сигурно се додека не се заврши. Затоа никој од нас не е релаксиран. Никој од нас не вели ах, ние нашето го завршивме. А околу прашањето за естрадикцијата ние немаме дилеми. Се она што е во согласност со стандардите кои се вградени во нашиот систем, во нашите закони, ние имаме и обврска да ги почитуваме. Меѓутоа тоа не е единственото прашање во нашите билатерални односи, рече Шекеринска.