четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Шекеринска конечно искрена: Граѓаните нема да не судат според знамињата!

Шекеринска конечно искрена: Граѓаните нема да не судат според знамињата!

Во момент на искреност и веројатен наплив на Фројдов комплекс, денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска порача дека граѓаните, т.е. народот нема да ги суди според знамињата. На социјалните мрежи веќе се шегуваат дека конечно, Шеќеринска е во право – не според знамињата, ќе ги суделе според и за криминалите направени во рамки на владеењето.

Министерката за  одбрана ова го порача по повод ратификацијата на протоколот за НАТО. Членството во НАТО не е само да гласаш ратификација, туку и да гласаш закони кои доведоа до ратификација, изјави Шеќеринска, алудирајќи на Законот за ЈО кој според експертите, терба да го спаси актуелното раководство на СДСМ од казната за сторениот криминал.

„Јас робувам на обврските. Стигнавме далеку бидејќи покажавме дека знаеме да направиме план. Да објаснам дека е неодговорно да се манипулира со законот за одбрана. Ние како држава треба да влечеме лекции од нашите порази и успеси. Членството во НАТО не е само да гласаш ратификација, туку да гласаш закони кои доведоа до ратификацијата. Граѓаните нема да не судат според знамињата, туку според политичката волја и одлуките. Информациите од Шпанија за ратификација на протоколот за првата половина од март“, порача Шекеринска.

Коронавирус