четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 141
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Шекеринска: Фокусирани сме на наоѓање решение, покана за НАТО и преговори со ЕУ

Шекеринска: Фокусирани сме на наоѓање решение, покана за НАТО и преговори со ЕУ

Во овој период сме фокусирани на планот А, а тоа е наоѓање решение, наоѓање на шанса да ги почнеме преговорите со Европската унија и да обезбедиме покана за НАТО. Сметаме дека во оваа фаза дискусии на тема план Б можат да ја испратат погрешната порака дека Македонија е подготвена да се задоволи и со нешто друго.

Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи одржаа отворен брифинг пред македонските медиуми на тема „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“ во организација на Владата на Република Македонија.

– Се разбира дека сите анализи ги правиме, меѓутоа фокусот треба да ни биде да ги решаваме, а не да ги одложуваме проблемите, додаде Шекеринска.

МИА

Коронавирус