четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 120
home Вести

Шекеринска бара посебен советник за плата до 50.000 денари

Шекеринска бара посебен советник за плата до 50.000 денари

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, објави оглас за вработување на посебен советник во нејзиниот Кабинет. Нема информација од која област ќе ја советува.

Според штурите услови во конкурсот, кандидатот треба да има завршено најмалку високо образование од општествени или економски науки и да има најмалку две години работно искуство.

Платата за ова место е од 35.000 денари до 50.000 денари.

Вработувањето на советникот ќе трае најдолго до истекот на мандатот на министерката.

Инаку Шекеринска според податоците на сајтот на Министерството за одбрана има вработено дури 16 државни советници, меѓу кои и две поранешни новинарки.

Станува збор за Лидија Јанчовска- Христова која од новинар од Канал 5 телевизија стана портпарол на министерката Шекеринска, а во јавноста таа е позната и како сопруга на новинарот од телевизија Телма Боби Христов преку кој неодамна таа и договорила гостување на министерката во емисијата „Топ тема“ кај својот сопруг.

На јавноста и е познат и случајот со хонорарното ангажирање поранешната уредничка на „Утрински весник“ Соња Крамарска во Министерството за одбрана.

Таа била ангажирана со договор на дело со цел зголемување на капацитетите на министерството во делот на односите со јавноста.

Коронавирус