недела, 24. февруари 2019. Вести денес: 0
home Вести

Шекеринска: Ако за 10 дена не се обезбеди двотретинско мнозинство, ќе се оди на предвремени парламентарни избори

Шекеринска: Ако за 10 дена не се обезбеди двотретинско мнозинство, ќе се оди на предвремени парламентарни избори

Ако за десет дена не се обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот за уставни измени, тогаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори, кажа денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Владејачкото мнозинство неделава ќе ги почне консултациите со пратениците во Собранието, но доколку не успеат да го обезбедат потребното мнозинство следен чекoр ќе бидат предвремени избори.

-Не може процесот да трае долго. Оваа недела ќе ја почнеме процедурата во Собранието, да видиме дали постојат услови да се обезбеди двотретинско мнозинство. Ќе дадеме од 7 до 10 ден, секој пратеник да донесе лична одлука дали е Македонија да оди во НАТО и Европската унија, ако не, одиме на избори, рече Шекеринска.