сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 48
home Вести

Шек Халачи, осуден за Диво Насеље: Не сакаме екстрадиција, сакаме меѓународна истрага

Шек Халачи, осуден за Диво Насеље: Не сакаме екстрадиција, сакаме меѓународна истрага

Шек Халачи еден од осудените членови за вооружениот напад во кумановкото Диво Насеље, реагира по најавите на поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, дека ќе побараат од Македонија припадниците на кумановската група казната да ја издржуваат во нивната матична земја.

Тој во својот Фејсбук статус пишува дека тие не сакаат екстрадиција туку дека бараат меѓународна истрага со цел да се открие целосната вистина и виновниците да излезат на виделина.

– Меѓународна истрага за нас не сакаат да има затоа што не сакаат вистината да биде откриена. Не продадоа како што порано ги продаваа гладијаторите, а сега се обидуваат да нè екстрадираат за да го затворат ова прашање за никогаш да не се дознае предавството што ни го напраја, а оваа работа да остане полна со дилеми и гласини.

Но, кој и да се тие што сакаат да го сторат тоа, било тоа да се политичари или поединци, грешат. Едноставно сакаме меѓународна истрага, најдобрите момци што ги имаше албанштината се убиле таму, јас сакам само да се открие вистината и да излезат на површина виновниците.

На оваа фотографија недостасуваат и Мендух Тачи, Иса Путини Скендер Хусени, Малиќ Ндрецај, Едвин Кристаќ Рама, Садула Дураку, Беќир Асани, Ејуп Алими, Шенаси Мемети, Сулејман Абази, Риза Јонузи и уште некои други што не се споменати погоре се имињата и фотографиите што се доставени и до Судовите кои имаат раце и во 27 април за настаните во Собранието“!!

Сите горе споменати имиња и некои што ги гледате на фотографијата за мене се осомничени, особено оние што беа во владата на Косово и Македонија во 2015 година и на чело со Едвин Крстаќ Рама „Случај Куманово“.

Слава на мачениците на нацијата, Да живее албанскиот народ, и да ја гледаме вечна Албанија.“, пишува на Фејсбук Шек Халачи еден од осудените за настаните во кумановско Диво Насеље.