сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје

Шефот на италијанската дипломатија денеска во Скопје

Министерот за надворешни работи на Италија Луиџи ди Мајо денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Ди Мајо ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров, по што ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Оливер Спасовски, а ќе разговара и со лидери на политички партии.

Централно место во разговорите, како што соопштуваат од МНР, се очекува да биде иднината на процесот на проширување на Европската Унија, по презентирањето на новата методологија на ЕУ и силната и активна поддршка на Италија за почеток на преговорите на Македонија во тој контекст.

На средбите ќе бидат разгледани можностите за продлабочување на политичките и економските односи, вкупната билатерална соработка во сите сегменти од заеднички интерес, како и регионалните актуелни состојби и соработка.

Најнови вести

Коронавирус