понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 164
home Вести

Шарл Мишел организира вечера со лидерите на Западен Балкан

Шарл Мишел организира вечера со лидерите на Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вечерва во Брисел организира неформална вечера за лидерите од Западен Балкан.

Европската комисија претходно соопшти на состанокот ќе присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Дипломатски извори за Танјуг изјавиле дека Мишел на вечерата, покрај шесте лидери од Западен Балкан, ги поканил и претседателката на Европската комисија, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како земја која претседава со Советот на ЕУ.

На состанокот ќе се разговара за состојбите во регионот, интеграцијата во ЕУ и подготовките за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Коронавирус