четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 24
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Шарените добија ослободителни пресуди, обвинението за Шиповиќ беше повлечено, Дудуш доби опомена, колку ќе добијат обвинетите за шамарите кои не се случија?

Шарените добија ослободителни пресуди, обвинението за Шиповиќ беше повлечено, Дудуш доби опомена, колку ќе добијат обвинетите за шамарите кои не се случија?

Денес на рочиштето за предметот „Насилство во Центар“ свој исказ дадоа 4 обвинети меѓу кои и Миле Јанакиески и Даниела Рангелова. Четворица обвинети со факти и аргументи целосно го побија обвинителниот предлог од страна на СЈО кои целосно е препишан од кривичната пријава доставена од страна на Жерновски. Имено во обвинителниот предлог пишува дека Миле Јанакиески како член на извршниот одбор ги поттикнал Рангелова и Томислав Лазаров, а потоа тие ги поттикнале останатите обвинети.

Реалноста и доказите показаа нешто сосема друго. Прво во ВМРО-ДПМНЕ воопшто не постои извесен одбор (таа организациона структура постои во СДСМ) туку извршен комитет при што Јанакиески истакна и достави доказ дека во 2013 година не бил член на ИК што е спротивно на тврдењето на СЈО. Исто така Рангелова јасно и недвосмислено истакна дека никој не ја контактирал во однос на протестите пред Општина Центар и истакна дека побарала од мобилниот оператор листинзи но истите не ги добила, а исто така СЈО не достави нитy еден доказ дека воопшто учествувала во било каква организација.

Потоа Јанакиески достави доказ доставен од страна на самото СЈО дека бил интезивно прислушуван во месеците пред и после настаните кои се случија пред Општина Центар и дека СЈО не презентирал дополнителен разговор или доказ дека Јанакиески бил дел од организацијата.

Исто така беше истакнато дека и покрај тоа што СДСМ презентирале во т.н бомби 3 разговори за овој настан СЈО пред судот доставил само 2 разговори и тоа едниот не е ист од аспект на времетраењето што уште еднаш потврдува дека аудио записите се модифицирани.

Понаму во нивните излагања останатите 2-ца обвинети истакнаа дека на настанот присуствувале по повикот на владиката Агатангел и здружението Веритас и целосно отфрлија дека имало партиска организираност на настанот и посочија дека пред општината имало група на провокатори предводени од адвокатот Вуиќ кој тогаш бил истанат член на СДСМ. Во продолжение на својот исказ Јанакиески истакна дека не му е познато дали некој имал бизнис интерес во рамките на ДУП-овите кои биле предмет на укинување на плановите и повика ако имало некој таков обвинителството точно да утврди за кого се работи и под итно да го гони.

3-ца од обвинетите во денешните искази направија паралела помегу случувањата пред општина Центар со случувањата од таканарецената Шарена револуција каде единствениот што се гонеше кривично во т.е случај Левица доби ослободителна пресуда и покрај тоа што во шарената револуција имаше повредено 10-тици полицајци и штета во милионски суми, со протестите пред Град Скопје каде истите беа предводени од Мирослав Шиповиќ и истите беа многу слични со протестите пред општина Центар и таму беа искршени прозори но во овој случај обвинителството го повлече обвинението за Шиповиќ и на крај се направи паралела со последната пресуда за Град на Шуто Оризари Курто Дудуш кој за признато насилство доби само опомена.
Интересно е да се истакне од денешното рочиште што СЈО воопшто немаше суштински прашања за обвинетите што оддава впечаток или не се заинтересирани за предметов или пресудата им е веќе договорена па чекаат само да заврши судењето. Исказите на обвинетите продолжуваат на рочиштето кое ќе се одржи на 31 јануари.