понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 24
home Вести

„Шарени револуционери“ во опозиција, мачиња кои предат на власт

„Шарени револуционери“ во опозиција, мачиња кои предат на власт

Го гушкаа ГТЦ, ги фарбаа институциите со боја, кршеа и палеа државни обијекти, а сето ова во време кога беа во опозиција.

Имено започнуваќи од 2015 па се до 2017 година, организираа протести, го парализираа сообраќајот во Скопје, ги исфарбаа речиси сите институции во главниот град со боја, а истото беше поддржано од актуелната владејачка партија СДСМ.

Истите овие „шарени револуционери“, како што сакаа да се нарекуваат, протестираа и против градењето на згради, висококатници во метрополата, велеа Скопје ќе се задушело, немало воздух, не можеле да дишат.

Арно ама во 2017 година СДСМ дојде на власт. Воздухот во Скопје и Македонија повторно е загаден, повторно не можеме да дишеме, но „шарениве“ овој пат решија да го напуштат револуционерниот дух и да влезат во владата, решија да го наплатат изминатиот труд и борбата која ја водеа.

Имено пред неколку дена дознавме дека на паркингот спроти хотелот „Холидеј ИН“ ќе никне висококатница, за која „шарениве“ врескаа во минатото.

Мартин Пановски е архитетктот на проектот спроти хотелот, но Пановски е сопруг на директорката на фондацијата СОРОС, Фани Пановска Каранфиловска.

Оттука се поставува прашањето, за што конкретно се бореа овие „шарени револуционери“, за правда или за пари?

Коронавирус