сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 13
home Вести

Шамбевски: За блокадата за ЕУ што ја има за Маакедонија не е само до Бугарија, туку и до корупцијата која ја продуцира Владата

Шамбевски: За блокадата за ЕУ што ја има за Маакедонија не е само до Бугарија, туку и до корупцијата која ја продуцира Владата

Проблемот со Бугарија ескалираше на штета на Македонија, потпишавме договори за добрососедство и не уверуваа од Владата се е решено и вратите на ЕУ и НАТО се отворени. Во НАТО, Македонија е членка поради одредени политичко безбедносни прашања, но вратата на ЕУ останува затворена, рече Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор на гостувањето во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

-Проблем е спорот со Бугарија за ЕУ, но во сите извештаи се наведуваат низа на проблеми корупција, спарвување со пандемијата, владеење на правото. Оваа влада на нив спектакуларно потфрли и видовме денес дека не знаат да решат ништо. Проблемот е во оваа влада и во ништо друго. Направија премногу дилетантски договори, така настапува и на меѓународната заедица, рече Шамбевски.

Според него Владата беше предупредувана уште кога ги потпишуваше дговорите дека се асиметрични, сега спори и Грција поради твит на Заев и следуваше срамно извинување од него.

-Не знам јас што мислат од Владата дека друг ќе ни набави вакцини, ќе ни носи инвестиции. Владата барем да направи консензус за клучните прашања, да видиме дали ќе има волја, а можеби е и предоцна зошто ја втурнаа Македонија таму каде што е но не треба да се откажуваме кога станува збор за интересите на државата, вели Шамбевски.

Коронавирус