четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Шамбевски: Овој ден е историски за Македонија!

Шамбевски: Овој ден е историски за Македонија!

Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши. Ова е денот што го создаде Гос­под за да се зарадуваме и да се развеселиме во него. Псалм 118/23-24, цитира Оливер Шамбевски.

„Одлуката на Вселенската Патријаршија во однос на Македонската православна црква е историска и е многу значаен чекор напред за ова многу важно прашање. И затоа Овој ден е историски за Македонија! Честитки за мудроста и трпението на нашиот поглавар, неговото блаженство г.г. Стефан и целиот Синод на МПЦ.

Честитки за сите што се вложија себеси… голем, голем ден за Македонија е ова!

Тоа е од Господ, и прекрасно е во очите наши. Ова е денот што го создаде Гос­под за да се зарадуваме и да се развеселиме во него.

Псалм 118/23-24

П.С. На илустрацијата е Исус Седржителот од Бигорскиот Манастир! Нека бдее вечно над нас и над Македонија“ – пишува тој.

Коронавирус