петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 134
home Вести

Шамбевски: Издавањето на лажни пасоши негативно влијае врз надворешната политика и компромитира многу безбедносни механизми

Шамбевски: Издавањето на лажни пасоши негативно влијае врз надворешната политика и компромитира многу безбедносни механизми

Во денешната емисија „Заспиј ако можеш“ гостуваше Оливер Шамбевски, поранешен амбасадор и пратеник, кој кажа дека аферата со издавањето на лажни пасоши негативно влијае врз надворешната политика на државата и потенцираше дека сериозно се компромитираат многу безбедносни механизми.

– Ова и те како ја допира надворешната политика и на Република Македонија ама и ако сакате глобалната безбедносна , структура мрежа ова прашање ја допира. Издавањето на овие 215 пасоши сериозно комромитира многу безбедносни механизми кои што фунцкионираат не само во нашата земја и за заштита на нашата земја туку и на партнерите од НАТО на целата онаа структура на шенген зоната и т.н. кажа Шамбевски.

Шамбевски истакна дека ова е сериозно прашање од кое што според него последиците допрва ќе се чувствуват.

– Генерално ова е исклучително сериозно прашање за кое што последиците јас плашам дека допрва ќе ги гледаме. Сега ја чекаме разврската на ова прашање во судските инстанци денеска прочитавме дека неколку од нив имаат признание на вина, мене ме интересира да ја прочитам пресудата како судијата ја образложува својата пресуда појасни Шамбевски.

ЕУРО 2020

Македонија