вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 116
home Вести

Шамар за Владата од народот- очајна посетеност во Охрид

Шамар за Владата од народот- очајна посетеност во Охрид

Граѓаните ѝ „удрија шамар“ на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Очајна посетеност на, како што ја нарекоа „Голема граѓанска прослава: Македонија во НАТО и ЕУ“, во Охрид.

Имено, Владата реши да организира прослави во 15 градови, каде би се славела поканата која Македонија ја доби за членство во НАТО, а тие градови се Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип.

Најголем дел од коментарите околу оваа одлука на Владата се негативни, граѓаните прашуваат што впрочем прославуваме.

Изминативе денови граѓаните реагираа до Владата и изведувачите: „Го прославувате предавството на Македонија“, „Заев ја продаде државата, па сега слави“, се само дел од реакциите на народот.