понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Шаќири: Со етничкиот клуч за вработување Албанците се деградирани и понижени, а одлуката е популистичка

Шаќири: Со етничкиот клуч за вработување Албанците се деградирани и понижени, а одлуката е популистичка

Лиса Баута Шаќири, магистар по правни науки и гласноговорник против етничкиот клуч на вработувања кои беа најавени од страна на Владата, во денешното гостување на 24 Телевизија истакна дека албанскиот народ не заслужува да биде деградиран и понижен, одлуката за вработувања по етнички клуч е популистичка.

Албанскиот народ во Македонија не е народ кој заслужува да биде деградиран и ставен под етнички клуч да Владата субвенционира наше вработување, вели Шаќири.
Шаќири вели дека албанскиот народ и донел две нобелови награди на оваа земја, Мајка Тереза и Ферид Мурати, па по тоа ваквото деградирање и потценување е популистички.
Таа посочи дека има доволно квалитетен кадар кој може сам да се вработи и да оди кариерно напред, популистички е затоа што тие си признааваат дека вработувањата по етнички клуч на лабанците се нивен успех и на нивните политики и вледеење.

-Се сложувам дека во јавниот сектор треба да им застапеност на албанците, но кога разговараме за приватен сектор се сложувам дека треба да се зголеми вработеноста кај албанците, меѓутоа начинот и пристапот е популистички и за жал предизвикува реакции и од страна на македонците, критикуваше Шаќири.

Таа вели дека не конкурирала никогаш во животот на некое работно место како албанка, туку како дипломиран правник и магистар по правни науки, интелектуалците кои имаат добро SV немаат потреба да бидат само една квота, етничката припадност е дел од идентитетот, но не и клуч за вработување.

Шаќири истакна исто така дека невозможно е интелектуалец кој учел во Макеонија да не го познава македонскиот јазик.

Коронавирус