сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 30
home Вести

Шахпаска се пофали: Следната година нови 6.000 семејства ќе станат социјални случаи

Шахпаска се пофали: Следната година нови 6.000 семејства ќе станат социјални случаи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска предупреди дека доколку пандемијата продолжи во наредната година се очекува нови 6.000 домаќинства  да влезат во системот за социјална заштита, додека од почетокот на пандемијата досега, бројот на домаќинства кои влегле во овој систем е зголемен за 5.500 нови.

Ваквите бројки пред се укажуваат на слабите резултати од мерките кои беа донесени од страна на Владата за помагање на реалниот сектор, за зачувување на работните места и намалување на последиците кои ги предизвикува пандемијата. И покрај тоа што Владата се фали со мерките вредни стотици милиони евра кои беа донесени во четири пакети, тоа што паѓа во очи од досега спроведените е тоа што од истите се искористува едвај една третина, што пак укажува на тоа дека мерките не стигнуваат до вистинската цел за која што се наменети.

Ваквото непоклопување на мерките со реалните потреби се покажа уште во првиот пакет на мерки кога имаше случаи кога компании коишто аплицирале и ја зеле помошта од државата ја враќаа назад бидејќи имаше критериуми на кои тие не можеа да се обврзат. Од претходните три пакети на мерки од 500 милиони евра едвај беа искористени една третина, односно 165 милиони евра, а со пакетот 4 економски мерки вреден 470 милиони евра Заев најави обезбедување одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка, но од друга страна министерката за труд и социјала кажува дека се зголемува бројот на семејства кои влегуваат во системот за социјална заштита.

Друг факт кој е загрижувачки, а исто укажува на нефункционалноста на мерките е и тоа што секој месец илјадници граѓани остануваат без нивните работни места. Од почетокот на пандемијата пак, до ноември Агенцијата за вработување регистрира 47.500 невработени.

Слабост при донесувањето на мерките е тоа што за истите не е исконсултирана експертската јавност па корисниците на истите се соочуваат со многу пречки додека стигнат до помошта. Последно некои од граѓаните со ниски примања кои требаше да земат по 6 илјади денари се жалат дека поради извршителите не можат да ги подигнт истите и бараат од Владата да се најде решение, односно извршителите да стават мораториум за овие пари да можат да ги искористат граѓаните кои немаат никакви примања, но немаат конкретен одговор за овој проблем.

Најнови вести

Коронавирус