четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Шахпаска само статист на жртвите од Jавна соба

Шахпаска само статист на жртвите од Jавна соба

Деновиве јавноста ја тресе веста со групата на социјалната мрежа “Телеграм,, во која се објавувале експлицитни слики на малолетнчки и на други девојки. Девојки излегоа со сведочења за скандалозната група која биле жртви на закани и уцени која по една година е пак активна во кои се објавуваат експлицитно видеа и фотографии.

Според јавноста ваквата состојба во која власта и инстутуциите не можат и немаат интерес да се справат со ваков вид на насилство претставува срам и предизвикува страв и понатамошен предизвикан стрес кај жртвите кои се охрабриле да зборуваат за случајот.

Во групата Јавна соба на Телеграм има повеќе од 6.500 членови и се споделени околу 10.000 фотографии и видеа. МВР истражува кој стои зад групата и ги повикуваат граѓаните да пријават злоупотреби. Тврдат дека наишле на ѕид од страна на Телеграм кои не сакаат да соработуваат за да се сузбие групата. Првата Јавна соба на Телеграм беше откриена лани, па по реакциите во јавноста беше затворена. Досега никој не одговарал за злоупотребата.

Само пред неколку дена една од жртвите се охрабри да зборува каде изјави дека и покрај тоа што го пријавила случајот во оделот за сајбер криминал во Скопје таа добила одговор дека законот нема надлежност за случаи како нејзиниот со оглед на фактот дека девојката која го оbјави своето сведоштво е 28 години туку само ги опфаќа лица кои се малолетни.

„Не знаев што да правам, испаничив, се преплашив, никогаш не сум доживеала такво нешто. Отидов во оддел за сајбер криминал да пријавам. Им ја покажав сликата, ги покажав пораките и повиците, дека имам со име и презиме луѓе кои ми пишуваа и ѕвонеа. Кога слушнаа дека сум полнолетна, рекоа дека законот во нашата држава не може ништо да направи, бидејќи е само за малолетници. Бев беспомошна и бесна. Не знаев каде да се обратам. Изгубив секаква надеж, се разочарав. Малку се повлеков, ено потоа продолжив со животот, иако пораките и повиците не престанаа и уште не се престанати. Кое ниско ниво на морал е тоа?“, сведочи Ана.

Она што е симптоматично е дека после видео објавата на храбрата кавадарчанка која доби огромна подршка од јавноста и нејзината приказна се обзнани и доби огромен иnteres од сите медиуми институциите излегоа со реакции дека работат на расветлување на случајот.

Со реакција за случајот излезе и опозицијата ВМРО-ДПМНЕ односно потпаролот Арсовски кој кажа дека граѓаните со чело на Спасовски на МВР не се заштитени и дека жртвите се оставени сами на себе.

“Во моментов Министерството за внатрешни работи со кое што управува Оливер Спасовски во жаргонски речник може да се нарече распашана банда. Впрочем ова го говорат граѓаните и секојдневно упатуваат поплаки, но за жал истите поплаки нема каде да стигнат и до кого да допрат”, кажа Арсовски.

Инаку, министерката за труд и социјала Шахпаска која треба да се грижи за заштита на правата да сите граѓани според јавноста е само статсит во жртвите од скандалот со Јавна соба, и тоа многу кажува за работењето на институциите на оваа влада велат експертите. Според психолозите жртви има повеќе но тие се плашат да проговорат токму поради незаинтересираноста и килавоста а институциите при решавање на ваквите случаи во кои жртвите чувствуваат страв, и понижување додека системот нема механизми да се олесни нивниот пат во барање на правдата.

И платформата за родова еднаквост изразува огромно разочарување од игнорантниот однос на надлежните институции во врска со случајот „Јавна соба“. Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство велат тие.

Претставници на граѓанскиот сектор велат дека ќе инсистираат сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик.

ЕУРО 2020

Македонија