понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

„Северна Депонија“ ќе биде предложена за осмо светско чудо- Почвата во Македонија енормно загадена, министерството глувонемо

„Северна Депонија“ ќе биде предложена за осмо светско чудо- Почвата во Македонија енормно загадена, министерството глувонемо

Морковот, зелката и целерот во скопскиот регион имаат концентрација  на тешки метали во себе. Концентрациите на арсенот во морковот и зелката се нешто над максимално дозволените, но во целерот се до 16 пати над максимално дозволените граници покажуваат испитувањата на еколошкото друштво Вила Зора од Велес направени последниве три месеци, објавува Телма.

-Најголем проблем  во овој регион во земјоделските површини околу Железарата пред се кои се испитувани со арсенот кој што е 1, 5 над максимално дозволените концентрации. Ова претставува уште една потврда после анализите во Велес, Кавадарци и Тетово како индустриски региони дека и во Скопје како индустриски регион во државата состојбата со загаденоста на почвите не е добра и се произведува храна со тешки метали и дека е време државата да преземе нешто за производителите на храна, а со тоа и за луѓето кои ја конзумираат оваа храна, вели Ненад Коциќ, еколошко друштво Вила Зора.

Загрижувачки е фактот дека како минуваат годините се повеќе се намалува плодната почва и многу малку се прави за деконтаминација на истата покажуваат статистиките направени во 2016 та година, смета професор Миткова.

-Со некои недобри работи кои ги направија во Министерството за земјоделство, поточно во Законот за земјоделство дозволија најплодна почва да се пренаменува во градежно земјиште. Тоа е навистина жално, изјави проф. Татјана Миткова, Факултет за земјоделски науки и храна.

Токсичната храна има далекусежно штетни последици по човековото здравје и затоа е потребна деконтаминација на почвата, содавање услови за производство на здрава храна, пласман на земјоделските производи на домашниот и странскиот пазар и секако подобрување на социјалниот и економскиот статус на земјоделците, апелираат учесниците на денешната трибина.

Фејсбук страната „Министерство за безживотна средина“ пишува дека Северна Депонија ќе биде предложена за осмо светско чудо бидејќи се` уште има живи луѓе во безживотната средина каде што „морковот, зелката и целерот во скопскиот регион имаат концентрација на тешки метали.

-Концентрациите на арсенот во морковот и зелката се нешто над максимално дозволените, но во целерот се до 16 пати над максимално дозволените граници покажуваат испитувањата на еколошкото друштво Вила Зора од Велес направени последниве три месеци, стои во нивниот пост на Фејсбук.

И додека јавноста и медиумите потсетуваат на енормната загаденост во почвата во Македонија, Министерството речиси да е глуво и немо.