сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 26
home Вести

Серж Сарксјан избран за премиер на Ерменија

Серж Сарксјан избран за премиер на Ерменија

Ерменскиот Парламент денеска го избра поранешниот претседател Серж Сарксјан за нов премиер, во вжештена атмосфера пред законодавниот дом.

Изборот  на Сарксјан се случи во време, кога пред зградата на Собранието опозицијата протестираше против неговиот нов мандат како премиер.

Сарксјан, чија кандидатура беше поднесена од страна на владејачката Републиканска партија, беше избран со 77 гласови „за“ и 17 „против“. Во гласањето учествуваа 94 пратеници од 105-челниот парламент.

Саркисјан, чиј втор претседателски мандат истече минатиот месец, всушност, повторно ја предводи Ерменија.

Ерменската опозиција, која неколку дена протестира, го обвинува поранешниот претседател Сарксјан дека го сменил политичкиот систем на државата за да остане на власт. Уставот на Ерменија е сменет во 2015 година, а со измените, премиерот ја презема извршната власт наместо претседателот.

На протестите досега се приведени осумдесет лица.

Саркасјан беше на власт 10 години, од 2008 година, а владејачката Републиканска партија во саботата го номинираше за премиер, откако по истекот на неговиот претседателски мандат за шеф на државата е избран сојузникот на Сарксјан, Армен Саркисијан.

(Миа)

Коронавирус