сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Сериозна злоупотреба на болни деца во политички цели: Заев преку малиот Јане се покрива за неспособноста на неговата Влада

Премиерот Зоран Заев и ПР службата при Владата, во обид да ја покријат неработата на власта, прават сериозна злоупотреба на болни деца
Сериозна злоупотреба на болни деца во политички цели: Заев преку малиот Јане се покрива за неспособноста на неговата Влада

Премиерот на Република Македонија вчера вети дека веднаш ќе биде почне постпка за обезбедување на лек за болеста на малиот Јанев Велковски, кој боледува од спинална мускулна атрофија(СМА). Тоа претставува нешто што секако е обврска на државата, но во јавноста се поставува прашањето дали тука има сериозна злоупотреба на болни деца во политички цели.

Имено, премиерот Зоран Заев си прави ПР со работа која што е обврска на државата, а тоа е да се набави лекот  за малиот Јане. Дел од коментарите се дека тој нема да го плати лекот од свој џеб, туку лекот за Јане ќе биде платен од народни пари од буџетот.

Низ јавноста се коментира дека еден премиер на држава не смее вака дрско да го злоупотребува маките на децата и родителите за да се слика и рекламира како наводен добротворец.

Во минатото кога се случуваше на средби со граѓани додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, некој граѓанин да побара да биде обезбеден некаков, како СДСМ, така и невладините организации, кои сега молчат, имаат полна уста за тоа како ВМРО-ДПМНЕ на тој начин собирале политички поени.

Јавноста прашува каде се сега тие невладини да реагираат, бидејќи реагираа кога на случајна средба од некој политичар било побарано нешто, а никаде ги нема кога ПР службата на Владата предводена од Роберт Поповски, Влатко Васиљ, Бубо Каров и многу други, директно злоупотребува мало и тешко болно детенце во политички цели.

Дел од коментарите во јавноста се дека тука не станува збор за спонтана средба каде некој човек би побарал помош од државата, туку средба организирана од Владата на Зоран Заев, преку неговата ПР, која има за цел да ја покрие неработата на власта и неисполнетите ветувања кои беа давани пред изборите.

Исто така, се повеќе се зборува меѓу граѓаните дека можеби единствени кои во Владата работата се тие во ПР службата, кои треба да ја покриваат неработата на премиерот и министрите.