понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 106
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Септември е безбеден за избори- Филипче најави нов бран од корона на есен

Септември е безбеден за избори- Филипче најави нов бран од корона на есен

На есен се очекува втор бран на вирусот Ковид-19, рече министерот за здравство, Венко Филипче на вчерашната прес конференција, појаснувајќи дека голем број студии и искуства од други земји ги докажале таквите прогнози.

„Се подготвуваме за новиот бран на есен и ќе го дочекаме поподготвени за да го заштитиме здравјето на граѓаните“, рече Филипче.

Со последната изјава на Министерот за здравство станува јасно дека најбезбеден термин за одржување на изборите е септември, односно крајот на летото. На истиот став е и доктор Андон Чибишев кој вели дека брзи избори ќе ја распламтат корона кризата, а првата половина на септември е најдобар термин за избори.

Избори мора да има, мора да се изберат преставниците на народот и последователно на тоа да се формираат релавантни и легитимни институции кои во наредниот период ќе ја водат државата. Меѓутоа, мислам дека сега треба да се сконцентрираме на сузбивање на епидемијата на која за жал не и се гледа крајот, а за избори според мене треба да мислиме кон крајот на летото, некаде во првата половина на септември. Дотогаш да се потрудиме да ја стабилизираме епидемиолошката состојба, да им дадеме време на здравствените авторитети да го стават под контрола неконтролираното ширење на болеста. Моето богато клиничко искуство ми дава за право да кажам дека според мене избори може да има најрано во септември 2020 година. СЕ друго ќе биде голема грешка која може да не воведе во ,, италијанско,, сценарио кое нашиот кревок здравствен систем нема да може да го издржи, вели Чибишев.

Коронавирус