понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 9
home Вести

„Сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за реформи на Заев, Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја“

„Сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за реформи на Заев, Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја“

Сепак не била Финска, туку уште една лажна вест за наводни реформи на Заев, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата е извор на лажни вести, бидејќи директно од Финска ја демантираат дека министерството за образование во Македонија прави образовни реформи како во Финска. Во Финска историја е задолжителен предмет за сите ученици во основно и во средно училиште. Во основата на новата наставна програма во Финска значењето на историјата и историските вештини се уште повеќе засилени и зацврстени. Владата веднаш да се повлече од укинувањето историја и најавените експерименти во образованието. Се виде дека не се работи тука за стандарди, туку за лаги на Заев и министерката која шири зараза од лажни вести Мила Царовска, потенцираат од партијата.

Во соопштението додаваат дека после сето ова Владата и Заев да се извинат на сите граѓани што ги доведоа во заблуда. Владата освен на корупција е главен извор на лажни вести. Заразата е неизлечива.

Коронавирус