четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 11
home Вести

Сенаторот Рон Џонсон од утре во посета на Македонија

Сенаторот Рон Џонсон од утре во посета на Македонија

Американскиот сенатор Рон Џонсон утре пристигнува во посета на Македонија на средби со државниот врв.

Тој во земјава доаѓа во период на интензивни дипломатски активности пред претстојниот референдум, на 30 септември. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска престојува во Скопје и изнесе јасна порака до македонските граѓани – на 30 септемри да не седат дома, туку да излезат и да се изјаснат за иднината на нивната земја. Во пресрет на референдумот во посета на Македонија беа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембур Жан Аселборн, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Џонсон, кој е претседавач на сенатската Комисија за државна безбедност, освен Македонија, ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.

Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии. Воедно, тој е и претседавач со Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.