четврток, 16. јули 2020. Вести денес: 138
home Вести

Семинар за физиотерапија и цистична фиброза

Семинар за физиотерапија и цистична фиброза

Во организација на македонското Здружение за цистична фиброза, во соработка со Диши слободно (Breath Free – Белгиската асоцијација за борба против ЦФ), како и во партнерство со Македонското физиотерапевтско здружение денеска ќе се одржи Семинар за физиотерапија и цистична фиброза.

Едукативниот меѓународен семинар е во рамки на првата кампања за цистична фиброза во Македонија, која е под покровителство на шефот на Делегацијата на Европската унија и ќе трае до мај 2019 година.

Главната цел е да се подигне свеста за цистичната фиброза. Оваа ретка болест е сложена и бара соодветен одговор од страна на носителите на одлуки, докторите, социјалните работници, наставниците, родителите, пријателите …

Мисијата на Здружението за цистична фиброза е да понуди одговори за недостатоците во третманот на оваа болест, споделувајќи ги знаењата во корист на сите, се со цел да им се помогне на пациентите со цистична фиброза.

МИА

Парламентарни избори 2020