вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Вести

Семејството Воденски од Русиново бара помош откако им изгоре куќата

Семејството Воденски од Русиново бара помош откако им изгоре куќата

Помош,очајно бара тричленото семејство Воденски од беровското село Русиново. Тие се без покрив над главата, откако пред петнаесетина дена им изгоре куката, плевната, стоката, но и се она што го создавале со децении. Сега ги молат хуманите луге да помогнат, да оспосбат две простории во куката на постариот син, за да можат да ја презимат зимата.

Постариот син Драги работи во Германија. Откако слушнал за пожарот во кој изгорела и целата негова заштеда наменета за новата кука што ја гради во дворот, веднаш допатувал. Ќе остане овде уште некое време,бидејки како што вели неговиот татко и брат кои имаат ментално заболување не се способни сами да го изодат патот. Во моментот се згрижени кај роднини во соседното село.

Тричленото семејство Воденски преживува од инвалидската пензија на таткото и негата што ја добива Маринчо. Покрај градежни матрејали, потребно е облека, дрва за огрев и покуќнина. Сите хумани луге може да донираат , со што ќе се овозможи престојната зима ова тричлено семејство да ја дочека во топол дом.

ИЗВОР:АЛФА

Коронавирус