понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Семејството на починатата родилка: Немаше проблеми во бременоста-да се испита случајот

Семејството на починатата родилка: Немаше проблеми во бременоста-да се испита случајот

Семејството на родилката која почина на ГАК од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста.

Тие бараат објаснување зошто, како што велат, гинекологот кој ја примил 40 годишната Кадрие Јашар и ѝ направил Це-Те –Ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано, пренесува Нова ТВ.

Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад. Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16 и 30 часот најдоцна. Во 20 и 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, изјави за НОВА, нејзиниот внук од брат Фејзула Јашаров.

На ГАК потврдија дека на родилката и бил направен царски рез, а после тоа поради обилно крварење уште една интервенција кога била извадена матката. Бебето било живо при првиот преглед и направеното Це-Те-Ге, а кога се вратила било мртво. Но, спротивно на тврдењето на семејството, на ГАК велат дека гинкологот и рекол да поседи надвор и да се врати за час и половина.

Коронавирус