недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Семејството на гостиварката заглавена во камп во Сирија бара помош од државата, никој не знае каде се нејзините деца

Семејството на гостиварката заглавена во камп во Сирија бара помош од државата, никој не знае каде се нејзините деца

Семејството на гостиварката која е заглавена во камп во Сирија, на границата со Ирак, бара помош од државата за таа да се врати во земјава, пренесува „360 степени“.

Роднините дознале дека Ревајет Шахини е во Ал Хол, место каде се чуваат семејствата на припадниците на ИСИС, откако ја виделе во репортажа на албанската телевизија А2.

Семејството на сопругот на Ревајет вели дека пред 6 години таа, нејзиниот маж Беким и трите деца заминале од Гостивар, по што за нив ништо не слушнале се додека не ја виделе репортажата на албанската телевизија.

Братот на Беким, во изјава за А2, изјави дека одвај го познал внукот кој исто така е во кампот кој е под надзор на курдските сили.

„Бараме државата да ги врати нашите деца во матичната земја, ја молам Владата на Македонија, како и албанската и косовската влада да ги вратат децата во матичната земја за да го продолжат својот нормален живот“, изјави Хабиб Фидани, братот на Беким.

Во снимката која ја посочува Хабиб Фидани, малиот Осама Фидани зборува дека не знае каде е неговиот татко кој се борел на страната на ИСИС. Во кампот Ал Хол живеат илјадници жени и деца на борци на ИСИС.