петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 27
home Вести

Семејства во црно, народот вознемирен, жртвите ги нема во извештај: Го кријат ли Заев и Филипче реалниот број на починати од коронавирус?

Семејства во црно, народот вознемирен, жртвите ги нема во извештај: Го кријат ли Заев и Филипче реалниот број на починати од коронавирус?

Ужасни статистики за починати и заразени од коронавирус секојдневно влеваат огромен страв кај македонскиот народ. Секој ден сме сведоци на големи трагедии. Бројот на починати е страшен, а голема е загриженоста и што дел од жртвите се многу млади лица.

Состојбата со коронавирусот во Македонија одамна е алармантна, но надлежните убедуваат дека истата е под контрола. Но, уште една ситуација јавува голем простор за сомнеж и вознемирување-дали се кријат жртви?

Да почнеме од најсвежата информација. Семејна трагедија во Кавадарци ја зави цела Македонија во црно. Двајца браќа починаа од коронавирус во само неколку дена. Едниот на 26-годишна возраст, другиот на само 21 година. Имале хронична болест, но починаа поради последици предизвикани од коронавирус.

Медиумите ги пренесоа информациите за нивната смрт, но тоа не го направи и Министерството за здравство. Ниту една од овие две жртви не е заведена во извештаите кои секој ден се испраќаат од кабинетот на министерот Венко Филипче.

Вчера почина помладиот брат, 21-годишниот Горан Ѓерѓев. Медиумите информираа за неговата смрт, но тој не е заведен во вчерашниот извештај на починати.

Можеби немаше да биде тоа чудно и ќе се очекуваше да биде ставен во извештајот кој ќе биде испратен денес, но овој скандал се случи и по смртта на неговиот брат.

Марјан Ѓерѓев почина на 26 годишна возраст, на 2-ти или 3-ти ноември. Но, не е заведен како жртва во ниту еден извештај до ден денес.  Тој на Инфективна клиника бил хоспитализиран на 25-ти октомври. Имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика. Коронавирусот беше кобен за него.

За смрт на 26-годишен пациент од Кавадарци не е известено во ниту еден извештај од Министерството за здравство.  Што стои зад ова, надлежните мора да одговорат пред македонската јавност. Бидејќи има простор за сомнеж дека се кријат овие починати, па се отвора прашањето дали ова се случува и со други починати. Се крие ли реалниот број на починати од коронавирус?

Смртта на двајцата браќа не е единствено кое се сокрило во извештаите на Министерството за здравство. Кога жртвата е младо лице, интересот на јавноста е што поголем, па најлесно е да се увиди дали овие лица ги има во извештаите. Овие ги нема.

38-годишно лице од Виница, вчера почина на Инфективното одделение во Штип, само неколку часа откако бил донесен таму со симптоми на Ковид 19.  Локалните медиуми први информираа за овој трагичен настан, но ниту тоа не беше дел од извештајот на Министерството за здравство.

Не може да “држи вода“ оправдувањето дека немало време да се внесат во извештаоите бидејќи за нивната смрт беше известена македонската јавност од медиумите многу часови пред Министерството за здравство да ги објави извештаите.

Само се наметнува прашањето: Дали ова е јасен доказ дека Владата го крие реалниот број на починати и ги намалува реалните бројки?

Надлежните владини органи знаече за починатите чии имиња очигледно тенденциозно не се внесени во дневниот биланс.

Жртвите од коронавирус не се само бројка со која било кој може да манипулира и моделира! Тоа се починати луѓе, нечии синови, браќа, сопрузи, мајки, ќерки, сестри… Тоа се над 1000 семејства завиени во црно!

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче убедуваат дека состојбата е под контрола! Ако криењето на жртви е за нив начин да стават нешто под контрола, тогаш тие мора да сносат одговорност!

Локални избори 2021